Со векови на Балканот живееле многу народи и се среќавале многу култури. Некои поминувале,некои заминувале, некои остануaвале: Турци, Срби, Албанци, Бугари, Власи, Грци, Роми, Бошњаци, Хрвати, Словенци и кои уште не.
Македонците одсекогаш биле добри домаќини. Сите тие убави, добри весели луѓе се собирале на места како што е денес ресторан "Балканика".
Верни на традицијата
Ви посакуваме големо добредојде. |
|
Во нашиот пријатен амбиент ќе се чуствувате опуштено и далеку од градската врева во интимна атмосфера ќе уживате во специјалитетите од македонското поднебје. Во вечерните часови ќе се разонодувате со звуците на староградската музика.
Ентериерот е во духот на македонскиот традиционален дом каде се служат македонски вина, македонски јадења по рецептите на нашите предци.
|